Пловечка оаза која комбинира природа и дизајн е наречен новиот луксузен хотел кој се отвори во Шведска, во срцето на Скандинавија.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2020/02/http___cdn.cnn_.com_cnnnext_dam_assets_200203155353-arctic-bath-fotograf-anders-blomqvist-3.jpg)
Хотелот „Арктичка бања“, дело на архитектите Бертил Харстром и Јохан Каупи, е поставен на објект на средина на реката Луле и изгледа како да плови. Во средината е огромна отворена ледена бања, која на гостите кои уживаат во студено им нуди спектакуларно спа искуство. Зимно време хотелот ќе биде заробен во мраз и од небото ќе биде осветлен со поларна светлина, а во лето ќе плови по реката. Хотелот има 12 соби-кабини кои се наоѓаат на брегот во близина, а гостите ќе приоѓаат по дрвена патека.
Во понудата на хотелот се вклучени и кулинарски специјалитети, јавање на коњ, јога и медитација, во зависност од временските услови.
Хотелот е оддалечен еден час и 15 минути од аеродромот во Лулеа.