ПИРАМИДАТА НА ТИРАНА МЕЃУ НАЈИСЧЕКУВАНИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ ПРОЕКТИ ВО 2023

Њујорк, (Дезин)

Од бруталистичка пирамида до библиотека со изглед на шума, специјализираниот сајт „Дезин“ направи избор на најинтересните и најнеобични архитектонски проекти што треба да бидат довршени оваа година.

ПИРАМИДАТА НА ТИРАНА

Холандското студио „МВРДВ“ треба да доврши неколку проекти во 2023, меѓу кои се истакнува трансформацијата на напуштениот музеј посветен на Енвер Хоџа. Необичниот објект пропаѓаше со децении, а ќе се претвори во младински центар.

ПОДЦЕНТАРСКА БИБЛИОТЕКА ВО ПЕКИНГ

Објектот дизајниран од „Снехета“ ќе им дава чувство на посетителите дека се наоѓаат во шума. Меѓу седиштата налик на рид се наоѓаат десетици тенки столба кои се разгрануваат на покривот, формирајќи лисја од гинко.

АВРАМСКА СЕМЕЈНА КУЌА ВО АБУ ДАБИ

Овој повеќеверски комплекс ќе содржи црква, џамија и синагога, со што ќе се слават трите аврамски вери.

ЦЕНТАРОТ ГИЛДЕР ВО ЊУЈОРК

Една од најисчекуваните нови градби во САД е продолжението на Американскиот природонаучен музеј во Њујорк, чиј бетонски интериер ќе наликува на пештери.

ЦИВИЛЕН УМЕТНИЧКИ ЦЕНТАР ЖУХАИ ЏИНВАН ВО КИНА

Дизајнирана од студиото „Заха Хадид“, зградата стои над вештачко езеро во Жухаи, јужна Кина. Покривот има изглед на птици преселници во чии четири крилја ќе бидат сместени театар, уметнички музеј, флексибилна сала и научен центар.