САГРАДА ФАМИЛИЈА ВО БАРСЕЛОНА ЌЕ БИДЕ ДОВРШЕНА ВО 2026, НО КОНТРОВЕРЗНИТЕ СКАЛИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДО 2034

Барселона, (Гардијан)

Симболот на Барселона, базиликата Саграда фамилија, доби нов датум на комплетирањето и треба да биде завршена во 2026, 144 години откако бил поставен првиот камен.

Естеве Кампс, претседателот на организацијата која доби задача да го догради ремек-делото на Антони Гауди, кажа дека на овој начин завршувањето на работите би се совпаднало со стогодишнината од смртта на творецот на базиликата. Тој вели дека имаат доволно пари и материјали за да се доврши зградата, вклучувајќи ја централната кула висока 172,5 метри, посветена на Исус Христос. На тој начин, Саграда фамилија ќе стане највисоката зграда во Барселона.

Иако објектот треба да биде готов во 2026, работите на скулптурите, украсните детали и на контроверзните скали што ќе водат до главниот влез ќе продолжат до 2034.

Кога почна изградбата во 1882, местото беше отворено обработливо земјиште, но со тек на годините градот порасна околу црквата. Скалите, кои треба да се протегаат низ два градски блока, вклучуваат иселување на околу илјада семејства и бизниси. Иако некои го оспоруваат тоа, Кампс вели дека скалите отсекогаш биле дел од планот на Гауди.

„Ние го следиме планот на Гауди до последната буква. Ние сме негови наследници и не можеме да се откажеме од неговиот проект. Планот претставен пред локалната власт во 1915, потпишан од Гауди, ги вклучува и скалите“, изјави Кампс.

Околу пет милиони туристи годишно ја посетуваат базиликата и плаќаат влез од 25 до 40 евра. Половина од овие пари одат за изградбата,

(Фото: Гети)