САУДИСКА АРАБИЈА ЌЕ ГРАДИ ОБЛАКОДЕР ОД 400 МЕТРИ ВО ОБЛИК НА КОЦКА

Лондон, (Дезин)

Владата на Саудиска Арабија ги објави плановите за изградба на 400 метри висок облакодер во форма на коцка, наречен Мукаб. Тој ќе го зазема централното место во „новото лице на Ријад“, област голема 19 квадратни километри.

Мукаб ќе биде една од најголемите структури на светот. Со височината од 400 метри, и официјално ќе биде супервисок облакодер, а ќе биде долг 400 метри од двете страни. Фасадата ќе се состои од преклопувачки триаголни форми, што е инспирирано од модерниот архитектонски стил Најди.

Пошироката област околу Мукаб ќе содржи над 100.000 станбени единици и 9.000 хотелски соби, како и 80 забавни и културни објекти и универзитет за дизајн. Според владата, проектот треба да биде комплетиран до 2030 година.