ВО КИНЕСКИОТ ГРАД ЧОНГКИНГ ОТВОРЕНА „НАЈИСКРИВЕНАТА ЗГРАДА НА СВЕТОТ“

Пекинг, (Дезин)

Архитектонското студио „Аедас“ ја претстави деловната кула „Танц на светлината“ во кинескиот град Чонгкинг, за која вели дека е најискривената зграда на светот.

Висока 180 метри, кулата има две двојно заоблени фасади, со што се добива впечаток дека е искривена. Од студиото велат дека обликот на зградата е инспириран од поларната светлина.


„Таа е природна, динамична и елегантна, сите важни аспекти што сакавме да ги постигнеме со нашиот дизајн“, велат од „Аедас“.

Според студиото, зградата има агол на искривување до 8,8 степени по спрат, што ја прави најискривена на светот.