Шкотска архитектонска фирма го објави дизајнот на она што ќе биде втората највисока зграда на светот, која ќе се гради во Санкт Петербург во Русија. „Лахта центар 2“ ќе се издигнува 703 метри, со што ќе биде 125 метри пониска од највисоката зграда на светот, „Бурџ калифа“ во Дубаи.

Моментално, втората највисока зграда на светот е кулата „Шангај“ од 632 метри.

Лахта центар 2“ ќе се наоѓа на периферијата на Санкт Петербург, веднаш до оригиналниот облакодер „Лахта центар“, кој е седиште на енергетската компанија „Гаспром“ и со своите 462 метри, највисока зграда во Европа.

Новиот ‘Лахта центар‘ ќе биде пример за одржливо дизајнирање на високите згради“, изјави Тони Кетл, чија фирма „Кетл колектив“ стои зад проектот.

Лахта центар 2“ ќе има 150 спратови и ќе содржи деловни, сместувачки и релаксирачки простори.