Бред Пит првпат јавно ги покажа своите скулптури во рамките на изложба што се одржува во финскиот град Тампере.
„Ова е првпат самоукиот американски актер да ги презентира своите скулптури во јавност“, соопшти Музејот на уметноста „Сара Хилден“.
Педесет и осумгодишниот Пит ги изненади присутните кога се појави на отворањето на изложбата на британскиот уметник Томас Хаусагоу за да ги претстави своите скулптури, покрај керамичките дела на австралискиот музичар Ник Кејв.
„За Ник и мене ова е нов свет, првпат влегуваме во него“, изјави Пит.
Тој се претставува со девет дела на изложбата, а неговото учество претходно не беше најавено.
„За мене, ова е саморефлексија, да видам каде сум згрешил во односите, каде сум соучесник. Ова произлезе од она што јас го нарекувам радикален попис на себеси. Брутално сум искрен со себеси и ги земам предвид оние што можеби сум ги повредил“, кажа Пит, кој почнал да се занимава со уметност по разводот од Анџелина Џоли.
(Фото: АФП)