ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОБЈАВИ ДЕКА ОТВОРИЛ РЕСТОРАН ВО БЕЛГРАД, ПРВ ВО РЕГИОНОТ

Белград, (Н1)

Прославениот британски готвач Џејми Оливер се пофали на Инстаграм дека отворил ресторан од својот ланец „Jamie’s Italian“ во Белград, прв во регионот.

Вратите и официјално се отворени! Локацијата е преубава, во срцето на Белград на вода, на брегот на реката Сава“, напиша Оливер.

На сајтот на ресторанот е достапно и менито, кое содржи бројни специјалитети на италијанската кујна според рецептурата на Оливер. Цените на пиците се движат од 885 (7,40 евра) до 1.555 динари (13,20 евра).

Во 2017, Оливер затвори шест ресторани од овој ланец во Велика Британија поради поскапувањето на намирниците за италијанските јадења како последица на брегзит. Сепак, тие продолжија да работат во странство, па денес ги има во Ирска, Бразил, Португалија, Унгарија, Кипар, Индија, Катар, Саудиска Арабија…

(Фото: Фејсбук)