ДВЕ НОВИ ПЕСНИ ОД АЛБУМОТ ВО НАЈАВА ЌЕ ИСПЕЕ ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ НА СЛАВЕНИЧКИТЕ КОНЦЕРТИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Драган Мијалковски ќе испее две нови песни на концертите кои ќе се одржат на 2 и 3 април во Националната опера и балет.

„Првиот концерт се распродаде во рекордно време, со задоволство најавуваме дека се трошат последните билети за вториот концерт на 3 април, а трет концерт ќе нема. Јубилејните гала концерти на нашата музичка легенда ќе се одржат во придружба на голем оркестар и членови на Националниот џез оркестар“, вели организаторот радио „Бубамара“.

Оттаму додаваат дека на програмата ќе бидат најпопуларните песни на Мијалковски, кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите добри времиња, а ексклузивно ќе бидат претставени и две песни од новиот албум, на кој тој интензивно работи.