АЕРОДРОМОТ ВО ОСАКА ОТВОРИ ТОАЛЕТ ЗА КУЧИЊА

Токио, (Ројтерс)

Аеродромот „Итами“ во јапонскиот град Осака постави тоалет за кучињата кои патуваат.

Тоалетот е сместен во модерно уреден простор надвор од терминалот и во него, покрај садови за уринирање, има и садови со вода и туш. Садот за уринирање содржи копче што сопствениците треба да го притиснат за да го испразнат.

Операторот „Кансаи“ изјави дека просторот е конципиран со цел кучињата да можат да ги извршат физиолошките потреби пред качувањето во авион. Ова е прв ваков специјален простор на еден јапонски аеродром.