Ајфелова кула е подложена на својата најобемна обнова во 130-годишната историја со цел да го добие најдобриот изглед за Олимписките игри во Париз во 2024 година. Меѓу другото, таа ќе биде префарбана и ќе добие нагласено златна нијанса.

Не само што ќе бидат отстранети досегашните 19 слоеви боја, туку и главното обележје на Париз ќе ја изгуби својата препознатлива кафеава боја, што ја носи од 1968 година.

„Тоа ќе ѝ даде малку златна нијанса на Ајфеловата кула за Олимписките игри, со што ќе изгледа поразлично од досега“, изјави Патрик Бранко Руиво, извршниот директор на компанијата која управува со кулата.

Обновата на 324 метри високата кула, на сите 18.000 метални делови што заедно ги држат 2,5 милиони заковки, ќе чини околу 50 милиони евра.

Ајфелова кула се освежува со боја на секои седум години, но не поради изгледот, туку за да се заштити металната структура од атмосферските појави и загадувањето. Новата златна нијанса ќе биде видлива во 2022 година.