Шест децении по појавата на оригиналниот „мини“, неговиот сопственик „БМВ“ ја претстави првата електрична верзија, со која се надева дека ќе почне нова ера и ќе одговори на европските цели за намалување на емисијата на штетни гасови.
„БМВ“ објави дека веќе 15.000 луѓе изразиле желба да го купат новиот модел, но првите испораки, по цена од 24.400 фунти, се очекуваат дури во првата четвртина на 2020. Тој ќе може да помине 200 километри со едно полнење.
Првиот модел на „Мини“ се појави во 1956 година, а „БМВ“ го возобнови брендот во 2000.
„Влегуваме во ера во којашто електричните автомобили ќе бидат нормален избор на нашите купувачи. ‘Мини електрик‘ го означува почетокот на нашата офанзива на целосно електрични возила“, изјави Оливер Зипше, член на бордот „БМВ“.
Компанијата планира да лансира 25 нови електрифицирани модели до 2023 година, од кои најмалку 13 ќе бидат целосно електрични или хибридни.