БУДИМПЕШТА ИЗГРАДИ ТРАМВАЈ ОД 1,8 МИЛИОНИ ЛЕГО КОЦКИ

Будимпшета, (Јуроњуз)

Будимпешта го претстави првиот трамвај на светот направен од лего коцки и поставен на фиксни шини. Тој еден месец ќе биде изложен на централниот плоштад Ференц Деак.

Составен од 1,8 милиони коцки, трамвајот е долг 11,5 метри и тежи шест тони, а бил конструиран од 90 градежници за над 6.800 часа. Тој нема да превезува патници, но бил влечен од два мали железнички мотора до неговото изложбено место.

Градоначалникот Ѓерѓели Карачони истакна дека трамваите се едно од обележјата на Будимпешта. Трамвајскиот превоз во градот почнал во ноември 1887.

Лего трамвајот треба да ја нагласи улогата на јавниот и одржлив превоз“, рече тој.