НОВОТО ДЕЛО НА БАНКСИ ИСЧЕЗНА 24 ЧАСА ОТКАКО СЕ ПОЈАВИ

Лондон, (Дејли стар)

Новото дело од мистериозниот британски графити уметник Банкси, сообраќаен знак на канделабра, исчезна во рок од 24 часа откако беше поставено.

Знакот на кој се прикажани млади луѓе како на грбот носат повозрасни личности беше забележан во петокот на крајбрежјето на Клеведон, северен Сомерсет, и се верува дека бил поставен преку ноќта.

Не е познато што се случи со делото, но жителите веруваат дека е украдено или отстрането во раните утрински часови во саботата. Областа е позната по богатите жители, кадешто една куќа чини над 500.000 фунти.

Банкси го покажа новото дело на неговиот профил на Инстаграм, каде има 2,4 милиони следбеници.

Графити-уметникот Банкси, за кој се верува дека е од Бристол, ја почна својата кариера во средината на 90-ите години на минатиот век, но никогаш не го објави својот идентитет.