„ЏОНИ ВОКЕР“ ОД 2021 ЌЕ СЕ ПРОДАВА ВО ХАРТИЕНИ ШИШИЊА

Лондон, (Ројтерс)

Вискито „џони вокер“ од следната година ќе биде достапно во шишиња што не содржат пластика, објави компанијата „Диеџио“, додека најголемиот светски производител на алкохолни пијалаци се обидува да го намали пластичниот отпад.

„Новото шише ќе биде направено од дрвена пулпа која ги исполнува стандардите за безбедност на храна и целосно може да се рециклира. Ова практично ќе биде одржливо хартиено шише“, објави „Диеџио“.

Прехранбената индустрија се најде под засилен надзор поради количеството пластика што ја користи за својата амбалажа. Само во Европа во 2018 година биле фрлени 8,2 милиона тони пластика што била користена за пакување храна и пијалаци.

Иако користи само 5% пластика во својата амбалажа, „Диеџио“ постави за цел дополнително да го намали тоа до 2025 година.