Секоја година, Автосаемот во Женева се покажува како еден од најблескавите и најпрестижни настани во светот на автомобилите и 2019 не е исклучок. Тоа е место кадешто луксузните имиња како „Порше“, „Јагуар“ и „Астон мартин“ се обидуваат да дојдат до израз покрај суперавтомобилските брендови како „Ламборгини“, „Римац“ и „Мекларен“, што резултира со некои од најлудите премиери што ќе бидат видени оваа година.

Сепак, електричните возила се во центарот на внимание на 89. саем во Женева и голем број компании покажуваат како мислат да се борат против емисијата на штетни гасови.

„Пих марк зеро“ е електричен автомобил чии батерии наводно се полнат до 80% за само пет минути, а има досег од 500 километри (Фото: АП)

„Алфа ромео тонале“ е компактен хибриден теренец кој напред има бензински, а позади електричен мотор (Фото: Ројтерс)

„Мерцедес“ на едно место ги изложи своите електрифицирани модели (Фото: Гети)

„Мекларен спидтеил“ е најбрзиот автомобил на компанијата досега (Фото: Гети)

„Ауди“ го покажа својот прв електричен теренец „Q4 e-Tron“, што ќе почне да се продава во 2020 (Фото: Гети)

„Астон мартин АМ-РБ 003“ доаѓа во продажба во 2021 (Фото: Ројтерс)

Единствениот примерок на „бугати ла воатур ноар“, најскапиот автомобил на светот (Фото: Ројтерс)

„Пежо Е-208“ е уште еден целосно електричен градски автомобил (Фото: Гети)

„Бентли континентал ГТ“ ќе биде произведен само во 100 примероци (Фото: Ројтерс)

„Фиат чентовенти“, концепт на електрично возило на база на „панда“ (Фото: Ројтерс)

Летечкиот автомобил „ПАЛ-В либерти“ (Фото: АП)