Дваесет години откако беа пуштени во промет, банкнотите на еврото ќе добијат нов изглед со помош на јавноста и официјални лица сметаат дека граѓаните на ЕУ така ќе станат поблиски со валутата. Но, австрискиот уметник кој ги осмисли оригиналните банкноти стравува дека редизајнот би можел да поттикне национални ривалства, нешто што тој сакаше да го избегне со своите неутрални илустрации.

Роберт Калина работел како графички дизајнер за Австриската национална банка кога во 1996 победил на конкурсот за креирање на ликот на единствената валута во ЕУ.

Дизајните на Калина првично биле отпечатени на 14,5 милијарди банкноти во вредност од пет до 500 евра и нивното количество во меѓувреме било речиси удвоено.

Роберт Калина сакал да создаде илустрации со кои ќе се идентификуваат сите Европејци

И додека монетите се коват со секоја земја-членка, банкнотите се издаваат од Европската централна банка (ЕЦБ) и нивните дизајни мора да бидат идентични низ целиот регион и да избегнуваат национална пристрасност.

Калина вели дека сакал да создаде илустрации со кои ќе се идентификуваат сите Европејци.

„Веднаш ги исклучив портретите и решив да се фокусирам на архитектурата. Се инспирирав од постоечки згради, но ги изменивме до степен да бидат непрепознатливи, но сепак реални“, кажа 66-годишниот Калина.

ЕЦБ најави дека новиот дизајн на банкнотите ќе биде избран во 2024 од панел од 19 експерти.