„ФОЛКСВАГЕН“ ЈА ПРЕТСТАВИ ЕЛЕКТРИЧНАТА ВЕРЗИЈА НА КУЛТНИОТ „МИКРОБУС“

Берлин, (Ројтерс)

„Фолксваген“ конечно ја претстави сериската верзија на долгоочекуваното комбе „ID.Buzz“, електрична реинкарнација на култниот „микробус“, кој ќе почне да се продава во Европа во втората половина од годината, а во САД доаѓа на крајот на 2023. Од компанијата кажаа дека ова е нивниот прв прототип во изминатите десет години кој стигнал до производствената фаза. Покрај патничка, ќе има и товарна верзија на комбето.

ID.Buzz“ доаѓа со батерија од 82 киловат-часа и може да постигне максимална брзина од 145 километри на час. Дизајнот претставува вешта комбинација на модерни линии и детали кои потсетуваат на оригиналниот „Т1 микробус“.

Засега не е потврдено колку ќе може да се помине со едно полнење на батеријата, но се очекуваат околу 400 километри.