Во изминатите неколку месеци можеа да се видат доста шпионски снимки од осмата генерација на „фолксваген голф“ и компанијата сега конечно ги објави првите официјални компјутерски фотографии кои даваат досега најдобар увид во неговиот изглед.
Во стилот на „голф“, неговата надворешност повторно еволуираше и на неа особено се истакнуваат светлата, кои во тенка линија се шират по предната маска.
„Подинамичен од кога било“, вели „Фолксваген“ за надворешноста на „голф 8“.
Кабината носи подраматични промени во однос на моделот на заминување. Тој нема речиси никакви сличности со него и останати се многу малку копчиња, бидејќи голем број контроли се интегрирани во екранот на допир, кој се спојува со дигиталната инструментална плоча.
Како што претходно беше соопштено, „голф 8“ и официјално ќе биде претставен на 24 октомври и во Европа ќе почне да се продава на крајот на годината. Прво ќе биде пуштена верзијата со пет врати, а потоа следува и караванот.