Француската модна компанија „Ермез“ претстави колекција чанти кои се направени од вистински зеленчук. Класичните биркин чанти се создадени со креативно аранжирање на аспарагус, зелка и краставици и сите се умешно изработени од уметникот Бен Дензер.
„Класичните чанти на ‘Ермез‘ инспирираат уметност толку добра што можете да ги изедете“, напиша компанијата на Инстаграм.
Дензер направи чанти и од банани и јаболка, но тие сепак не влегоа во колекцијата.