Уметничката група ДАУ објави дека планира да го реизгради Берлинскиот ѕид во средината на октомври, но сѐ уште чека дозвола од властите. Цената на проектот ќе биде 6,6 милиони евра.
Посетителите на уметничката инсталација ќе мора онлајн да купат виза, која ќе чини 15 евра. На влезот ќе мора да ги заменат мобилните телефони со смартфони кои ќе им даваат инструкции за турата, на која ќе има документарни филмови, изложби и концерти.
„Уметниците немаат намера да ја креираат Источна Германија во Дизни стил. Намерата повеќе се фокусира на создавање искуство на патување во странска змја и на губење чувство на слобода“, рече Томас Оберендер од ДАУ.
Проектот е замислен така да посетителите нема однапред да знаат што ќе се случува во градот. Смартфоните кои ќе ги добијат можеби ќе ги одведат на лажна научна конференција или на состанок со советник. Ако ја одбијат понудата, ќе им биде понуден друг настан.
Од ДАУ велат дека дневно сакаат да поделат од 1.500 до 3.000 визи.
Ѕидот ќе биде срушен на 9 ноември, на 29-годишнината од уривањето на оригиналниот Берлински ѕид, кој го делеше градот од 1962 до 1989 година.