ЈАПОНИЈА ПЛАНИРА ДА ГО ЛАНСИРА ПРВИОТ ДРВЕН САТЕЛИТ ВО ВСЕЛЕНАТА

Токио, (Кјодо)
@‹ž“s‘å‚È‚Ç‚ª‚Q‚O‚Q‚R”N‚Ì‘Å‚¿ã‚°‚ð–ÚŽw‚µ‚Ä‚¢‚éu–Ø‘¢v‚̐lH‰q¯i‹ž“s‘å’ñ‹Ÿj

Јапонија планира да биде првата земја која ќе лансира дрвен сателит во 2023 година, сакајќи да ги искористи еколошките предности и ниската цена на дрвото. Сателит чија надворешност е направена од дрво ќе изгори при повторното влегување во Земјината атмосфера, правејќи помала штета во животната средина, велат од Универзитетот во Кјото.

Тој ќе биде поевтин да се направи, место да се користи алуминиум, кој денес е најчест материјал за изработка на сателити. Бидејќи електромагнетните бранови можат да пробијат дрво, сателитот внатре ќе може да содржи антена.

Планираниот сателит ќе биде коцка со страни од 10 сантиметри, а надворешноста ќе биде покриена со дрво и соларни ќелии.

Издржливоста на дрвото во вселената ќе се тестира од февруари, со помош на експериментални апарати од Меѓународната вселенска станица.

„Ако планот биде успешен, дури и деца кои се интересираат за вселената ќе можат да направат сателит“, вели лидерот на тимот и прв јапонски астронаут Такао Дои.