„КИА ЕВ6“ ИЗБРАНА ЗА ЕВРОПСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА

Париз, (Мотор1)

„Киа ЕВ6“ ја освои престижната награда Европски автомобил на годината, во изборот на новинарите од 23 држави. Поради инвазијата на Украина, Русија беше исклучена од гласањето.

Електричниот кросовер освои 279 гласови од жирито, само 14 помалку од второпласираниот „рено меган е-тек електрик“. На третото место заврши „хјундаи јоник 5“ со 261 глас, а во потесната конкуренција беа и „пежо 308“, „шкода ењак“, „форд мустанг мах-е“ и „купра борн“. Шест од седумте финалисти се електрични автомобили, исклучок е „пежо 308“.

Ова е прва ваква награда за оваа корејска компанија, а трета за електричен автомобил, по „јагуар и-пејс“ во 2019 и „фолксваген ид.4“ во 2021.