КИНЕСКИОТ ГРАД ХАРБИН ГИ ОТВОРИ СВОИТЕ ЧУДЕСНИ ГРАДБИ ОД МРАЗ И СНЕГ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пекинг, (Ројтерс)

Ледениот град во Харбин, снежната престолнина на североисточната кинеска провинција Хеилонгџијан, имал рекорден број посетители за новогодишните празници, привлечени од грандиозните скулптури од мраз на тамошниот Фестивал на мраз и снег, кој се отвори по 40. пат.

(Фото: Синхуа)

Големите скулптури, кои ноќе се осветлени, се изградени од блокови мраз што се вадат од околната замрзната река Сонгхуа. Организаторите велат дека за годинашниот фестивал биле собрани 100.000 кубни метри мраз, што е најмногу досега.

(Фото: Синхуа)

Фестивалот привлекол 3,05 милиони туристи во Харбин за тридневниот новогодишен празник, што донело приходи од 836 милиони долари.

(Фото: ЕПА)

Овој фестивал традиционално се одржува од втората половина на декември до крајот на февруари и во тој период Харбин се претвора во магична зимска земја на чудата. На 31 декември, Гинисова книга на рекорди го прогласи фестивалот за најголемиот ледено-снежен забавен парк на светот. Тој годинава зафаќа површина од 810.000 квадратни метри.

(Фото: Синхуа)
(Фото: ЕПА)
(Фото: Синхуа)