„ЛЕГО“ НАПРАВИ КОМПЛЕТ ОД „ПРИЈАТЕЛИ“ ВО ЧЕСТ НА 25-ГОДИШНИНАТА ОД ТВ-СЕРИЈАТА

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Во чест на 25-годишнината од ТВ-серијата „Пријатели“, „Лего“ пушти во продажба комплет со коцки во форма на кафулето „Централ перк“ кое беше еден од сетовите во серијата.

Комплетот има 1.079 парчиња, и, како што соопшти компанијата „служи одлично и за играње и како декорација во соба“. Во комплетот има и мини-фигури на седумте ликови: Рос, Рејчел, Чендлер, Моника, Џои, Фиби и Гантер, софата за седење и други парчиња мебел.

„Ќе може и да се постави сцена кога Фиби свори на гитара, или Рос на клавјатири. Да се земе кафе, колачи, а има и други препознатливи предмети’, соопошти „Лего“.

Премиерата на серијата беше на 22 септември 1994. Комплетот ќе се продава од 1 септември.