„ЛЕКСУС“ ГО СОЗДАДЕ ПРВИОТ ТЕТОВИРАН АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ

Лондон, (Форбс)

„Лексус“ го создаде првиот тетовиран автомобил на светот. Во соработка со лондонската уметница за тетовирање Клаудија де Сабе, „Лексус“ го трансформираше својот компактен теренец „UX“ во уникатно подвижно уметничко дело.

Изработката на автомобилот, почнувајќи од првите цртежи, траела околу шест месеци, а Де Сабе и нејзиниот сопруг Јутаро, чија специјалност се јапонски илустрации, го тетовирале и осликувале пет дена по осум часа.

Клаудија Де Сабе работела заедно со нејзиниот сопруг Јутаро

Де Сабе го употребила чисто белото возило како платно и место класична игла за тетовирање, користела бушилица „дремел“. Тоа ѝ овозможило на двете страни на возилото да направи слика на јапонски крап, како и неколку златни рипки. Кои крапот е познат мотив од јапонската традиционална уметност.

Де Сабе вели дека ова ѝ било првпат да работи на метал

Овој уникатен автомобил нема цена, но една ваква изработка чини околу 150.000 долари.

„Ова беше првпат да работам на метал место на човечка кожа. Физички, ова беше многу напорен процес“, изјави Де Сабе.