Skip to content
СМАРТ - СДК МК
  • Насловна
  • Вести
  • Живот
    • Музика
    • ТВ
    • Филм
  • Стил
    • Архитектура
    • Дизајн
    • Мода
    • Патувања
  • Здрави навики
    • Вежби
    • Вкусно
    • Диети
  • Да збориме за секс
КАтегорија Дизајн

СО КОНКУРС ЗА СТУДЕНТИ ДИЗАЈНЕРИ БРИТАНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 25 ГОДИНИ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА

Автор Билјана Нестороска Објавено на 17 февруари , 2018 1 мин читање
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Британската амбасада во Македонија организира кампања со повеќе активности за годинашното одбележување 25 години билатерална соработка помеѓу двете земји.

Со подготовки почна во ноември, кога Амбасадата објави повик за студентите по дизајн и уметности да изработат лого на кампањата.

Победничкото лого на кампањата за одбележување 25 години билатерална соработка помеѓу Велика Британија и Македонија

Освен текст кој беше објавен на социјалните медиуми, од Амбасадата снимија и видео, во коешто амбасадорот Чарлс Гарет ги покани студентите да се мотивираат и да дизајнираат лого.

Заменик директорот на ФОН Леон Бакрачески, Ребека Влаисављевиќ, амбасадорот Чарлс Гарет и професорката Марија Ветероска (Фото: Британска амбасада)

По отворениот конкурс од околу еден месец, внатрешната комисија за најдобро го одбрала логото на Ребека Влаисављевиќ, студентка на универзитетот ФОН.

„Четврт век стабилни односи. Блоковите што ги составуваат овие бројки ги означуваат минатите и идните проекти, создадени заедно со настојчивост и лојалност. Црвената боја го означува единството на двете земји, затоа што ја имаат во нивните знамиња“ , објаснува студентката.

По објавувањето на одлуката, Ребека со професорката Марија Ветероска и со заменик директорот на ФОН Леон Бакрачески му беа на гости на амбасадорот, од кого доби писмо со благодарност и книга за дизајн.

„Сакавме да ги мотивираме младите студенти во Македонија да бидат дел од нашата кампања и да ни помогнат да го одбележиме 25-годишното британско-македонско пријателство. Исто така, сакавме да го истакнеме креативниот талент од македонските универзитети. Дизајнот на Ребека е одличен пример на тој талент и соодветна илсустрација на партнерството помеѓу Велика Британија и Македонија“, изјави амбасадорот Гарет за СМАРТ СДК.МК.

„По промоцијата на логото, објавивме и видео со министерот за надворешни работи Никола Димитров во неформален разговор со амбасадорот, што, исто така, ни беше активност за отпочнување на кампањата. Сите овие активности беа сработени со максимум користење на дигиталните медиуми и со минимум финансиски средства“, велат од Амбасадата.

Б. НЕСТОРОСКА

амбасадор Чарлс ГаретБританска амбасада во МакедонијакампањалогоРебека Влаисављевиќстуденти по дизајн и уметност
Претходна вест
„СМЕШИНГ ПАМПКИНС“ ОДИ НА ПРВА ТУРНЕЈА ОД 2000 ГОДИНА
Наредна вест
НЕСОВРШЕНОСТА Е УБАВИНА, ВЕЛИ ЛОНДОНСКАТА АГЕНЦИЈА „ГРДИ МОДЕЛИ“
Сподели

Можно е и ова да ти се допаѓа

КАтегорија Вести

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: ЦИТОТОКСИЧЕН Т-ЛИМФОЦИТЕН АНТИГЕН 4 ХАПЛОИНСУФИЦИЕНЦИЈА

Објавено на објавено пред 4 дена 9 мин читање
КАтегорија Вести

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: СЈОГРЕНОВ СИНДРОМ

Објавено на објавено пред 6 дена 7 мин читање
КАтегорија Вести

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: РУБИНШТАЈН–ТАЈБИ СИНДРОМ

Објавено на објавено пред 8 дена 12 мин читање
КАтегорија Дизајн

МУРАЛОТ СО МАРИЈА КАЛАС ВО ГРЧКИОТ ГРАД КАЛАМАТА ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР НА СВЕТОТ

Објавено на објавено пред 13 дена 1 мин читање
КАтегорија Музика

ПЕАМ ПЕСНИ ОД ТОШЕ, НО ЌЕ НАУЧАМ И ДРУГИ НА МАКЕДОНСКИ, ВЕЛИ ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ

Објавено на објавено пред 6 дена 2 мин читање
КАтегорија Музика

ЗАБАВАТА ЌЕ ТРАЕ ПЕТ ЧАСА, РЕКОА ДАЦ И АЛЕКСАНДАР ПРЕД КОНЦЕРТИТЕ „ДАМИТЕ БИРААТ“ ВО МНТ

Објавено на објавено пред 7 дена 2 мин читање
КАтегорија Вести

„МАРТИНКИ-ТРАДИЦИЈА ШТО ТРАЕ“, ИЗЛОЖБА НА МАРИЈА МЛАДЕНОВСКА-МИТРОВСКА ВО СКОПЈЕ

Објавено на објавено пред 1 ден 1 мин читање
КАтегорија Живот, Музика

ЌЕ ЗБОРУВАМЕ САМО ЗА УБАВИ РАБОТИ КАКО ШТО САКА ПРЕМИЕРОТ, РЕКОА АКТЕРИТЕ ТИНО И АТАНАС НА „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“

Објавено на објавено пред 5 дена 3 мин читање
  • Политика на приватност
  • Политика на инклузија
  • Правилник за внатрешно пријавување
  • Кодекс на однесување
© 2024 Сакам Да Кажам. Сите права задржани © 2024 Sakam da kazham | All rights reserved. | Hosting and Development by MSP