„Мерцедес-Бенц“ потврди дека првиот „мајбах“ со основа на теренец ќе се произведува во Алабама. Со почетна цена од 200.000 долари, тоа ќе биде најскапиот патнички автомобил произведен во САД. Досегашниот рекорд го држеше „acura NSX“, кој чини 165.000 долари.
„Брендот ‘Мајбах‘ е синоним за луксуз. Ова без сомнение ќе помогне да се популаризира брендот ‘Мерцедес‘“, изјави извршниот директор на компанијата Дитмар Екслер.
За погон ќе биде задолжен турбо В8 мотор со 560 коњски сили.
„Мајбах ГЛС“ ќе ја збогати новата понуда на ултралуксузни теренци, бидејќи се најавени и „астон мартин DBX“ и „бентли бентајага“. Минатата година, низ светот биле продадени околу 7.500 возила од овој сегмент, а планот е продажбата да се зголеми на повеќе од 20.000 до 2023.
Примарниот пазар за „мајбах ГЛС“ треба да биде Кина, каде што лани биле купени две третини од седанот на „Мајбах“.