МАТЕ РИМАЦ ГО НОСИ „КОНЦЕПТ 2“ ВО САД СО ШАМПАЊСКО ВО БАГАЖНИКОТ

Загреб, (Индекс)

Хрватската компанија „Римац автомобили“ ќе учествува на автособирот во Монтереј (Калифорнија), кадешто пред американската публика за првпат ќе го претстави својот нов електричен хиперавтомобил „концепт 2“, кој специјално за оваа прилика, ќе има и некои нови додатоци.

Американците ќе можат да го видат „концепт 2“ во нова нијанса на сина боја и со нови фелни, со нешто покласичен дизајн за светот на суперавтомобили.

Багажникот доби посебен додаток за освежување (Фото: Римац автомобили)

Во „Римац“ направија и некои мали измени во багажниот простор, но, спротивно на очекувањата, противпожарниот апарат не е заменет со опрема за голф, туку со две шестлитарски шишиња шампањско и со кристални чаши.

Ц2“, кој имаше светска премиера на годинашниот саем во Женева, доаѓа во САД на 24 август, кадешто ќе се најде во друштвото на најбрзите автомобили на светот.

Концепт 2“ има неверојатни 1.914 коњски сили и до 100 километри на час забрзува за само 1,85 секунди. Неговата цена е 1,7 милиони евра и ќе биде произведен во само 150 примероци.