МКЦ РАСПИША КОНКУРС ЗА ДИЗАЈН НА ПОСТЕР НА 11. ЗДРАВО МЛАДИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младински културен центар (МКЦ) распиша конкурс за дизајн на постер за годинашното, 11. издание на фестивалот Здраво млади.

„Во изминатите 10 години, имавме чест и задоволство да работиме на визуелниот облик на фестивалот со исклучително талентирани светски дизајнери, на кои сме им неизмерно благодарни. Но, оваа година, сакаме да видиме како вие го доживувате Здраво млади”, најави МКЦ.

Конкурсот е отворен до 14 февруари, првата награда изнесува 12.000 денари, втората 5.000, а третата 3.000 денари. Предлозите се испраќаат на [email protected], со наслов „И јас сум Здраво млади 2021“.

Сите дизајни ќе бидат претставени на групна изложба, што ќе се реализира во рамките на фестивалот, кој е закажан за 26 и 27 август.