„НИНТЕНДО“ ГО ИЗГРАДИ СВЕТОТ НА СУПЕР МАРИО ВО РЕАЛНОСТА ВО ВИД НА ПАРК ОД 550 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Осака, (Ројтерс)

Јапонскиот производител на видеоигри „Нинтендо“ исчекори од виртуелниот свет и го отвори својот прв тематски парк, заснован на неговиот најпопуларен лик Супер Марио. Новата атракција, што се наоѓа во рамките на забавниот парк на „Јуниверзал студио“ во Осака, се отвори со одложување од цела година поради актуелната пандемија, а во изградбата биле вложени 550 милиони долари.

(Фото: АФП)

„Совршено го доловивме светот од играта. Ќе ги пронајдете главниот непријател на Марио, Баузер, и пирани растенија во природна големина и ќе видите како е да се биде Марио. Овдека вие станувате Марио. Ни требаше една година подолго да го отвориме паркот и многу ни е мило што конечно се случи“, изјави Ајуму Јамамото, менаџерот за маркетинг и комуникации во „Јуниверзал студио“.

(Фото: АФП)

Паркот „Супер Нинтендо свет“ вклучува и учество во „Марио карт“, трка во аугментативна реалност.

Првата видеоигра „Браќата Супер Марио“ излезе во 1985 година и во меѓувреме стана една од најуспешните франшизи.