НОВИОТ НАЈБРЗ ВОЗ ВО ЈАПОНИЈА МОЖЕ ДА ВОЗИ И ВО СЛУЧАЈ НА ЗЕМЈОТРЕС

Токио, (Си-Ен-Ен)
@_“ސ쌧‘åˆé’¬“à‚𑖍s‚·‚éA“ŒŠC“¹VŠ²ü‚̐VŒ^ŽÔ—¼u‚m‚V‚O‚O‚rv‚̈ê”Ô—ñŽÔu‚Ì‚¼‚Ý‚P†v‚P“úŒß‘O‚UŽž‚Q‚V•ª

Јапонија го пушти во промет својот нов најбрз воз, кој безбедно ќе може да ги превезе патниците и во случај на земјотрес.

Возот „Н700С“ го поврзува Токио со Осака и Кобе, што се смета за една од најпознатите железнички линии на светот. Тој може да развие и 360 километри на час, но на линијата Токаидо шинкансен максимално дозволената брзина е 285 км/час.

Иако „Н700С“ изгледа слично со моделот што го заменува, тој содржи и голем број нови импресивни додатоци. Целата мрежа на брзи возови во Јапонија е опремена со сензори за земјотрес кои автоматски го запираат возот, но благодарение на своите батерии, „Н700С“ може да продолжи да вози кон побезбедно место ако земјотресот го начека на некоја ризична локација, како тунел или мост.

Првиот шинкансен воз, направен од „Хитачи“, беше пуштен во промет на 1 октомври 1964 и се смета дека тие официјално доцнат доколку се една минута зад распоредот. Во изминатите 56 години тие немале ниедна несреќа со човечки жртви.