„Самсунг“ креираше нови еколошки пакувања за свои телевизори кои можат корисно да се употребат место да бидат куп отпад.
Промовирајќи одржливост, рециклирање и редуцирање отпад, новите картонски пакувања на компанијата можат да се трансформираат во куќичка за мачки или во полици за книги, списанија и технички уреди.
Пакувањето доаѓа со некои од полуксузните модели на телевизори.
„Самсунг“ распиша и конкурс за најуникатен и најпрактичен дизајн на пакување, при што победникот ќе добие 20.000 долари.