Жителите и туристите во Лондон ги збуни појавувањето на огромната статуа на полуразголениот Џеф Голдблум покрај Тауер бриџ.
Седум и пол метри долгата статуа, која го прикажува американскиот актер во позата што ја прослави во „Светот Јура“, е поставена во чест на 25-годишнината од излегувањето на филмот.
Привремената статуа наречена „Јура Џеф“, што се наоѓа на јужниот брег на реката Темза, ја постави телевизијата „Нау“, која е дел од мрежата „Скај“.
Многумина кои објавија селфи со статуата на социјалните мрежи изразиле чудење зошто таа е поставена во Лондон, имајќи предвид дека Голдблум не е британски актер, ниту филмот е снимен тука.
Џеф Голдблум го игра научникот Јан Малколм во филмот на Стивен Спилберг, прв од она што подоцна стана франшиза и ја повтори улогата во „Светот Јура: Паднато кралство“, што излезе летово.