ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН „МИНИ“ Е СОВРШЕН НОВ НАЧИН НА ДВИЖЕЊЕ НИЗ ГРАД

Минхен, (Дезин)

Првиот електричен „мини“ ќе има цена од речиси 30.000 долари кога ќе почне да се продава во март наредната година. Тоа е за околу 5.000 долари поевтино од првичните проценки, што излегоа кога автомобилот првпат беше најавен во јули.

Иако електричен, „мини купер СЕ“ се базира на истите дизајнерски принципи што го следат брендот од неговото појавување, вели потпретседателот на одделот за дизајн на „Мини“, Оливер Хајлмер.

„Основните карактеристики се истите оние кои оригиналниот ‘мини‘ го направија толку успешен: компактен дизајн и фантастично управување. Разликата е што центарот на гравитација сега е уште пониску, бидејќи батериите се сместени на дното на автомобилот“, вели Хајлмер.

Тој додава дека со едно полнење ќе можат да се поминат најмалку 230 километри, а батериите ќе се полнат до 80% за 35 минути. Инструменталната табла е дополнително дигитализирана, а возилото ќе има и сателитски навигациски систем кој ќе го насочува возачот кон најблиската станица за полнење.

„Ова е совршен нов начин на движење низ град“, додава Хајлмер.