ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ТЕРЕНЕЦ НА „ШКОДА“ Е ПОЧЕТОК НА НОВА ЕРА ЗА КОМПАНИЈАТА

Прага, (Автокар)

„Шкода“ го претстави својот прв електричен теренец „енјак“ (enyaq iV), што извршниот директор Томас Шефер го опиша како „почеток на нова ера за компанијата“. „Енјак“ нуди три големини на батерија и е првиот модел на компанијата кој ја користи платформата за електрични автомобили МЕБ на групацијата „Фолксваген“.

Произведен во Чешка, овој теренец со средна големина (колку „шкода октавија“) е вториот целосно електричен модел на „Шкода“, по „ситиго“. Неговата почетна цена во Германија ќе биде 33.800 евра.

Во понудата се батерии од 55 (148 коњски сили), 62 (180) и 82 киловат-часови (204), што овозможува домет од 340 до 510 километри.

Надворешниот дизајн е емотивен, моќен и динамичен, додека внатрешноста е инспирирана од модерните животни окружувања, при што се користени природни, одржливо процесуирани и рециклирани материјали“, вели Шефер.