СЕ ОТВОРИ 34. ИЗДАНИЕ НА ЛЕДЕНИОТ ХОТЕЛ ВО ШВЕДСКА, ГО ИЗРАБОТИЈА 32 УМЕТНИЦИ ОД ЦЕЛ СВЕТ

Шведска, (Форбс)

Ледениот хотел „365“ во Шведска и официјално е отворен за сезоната 2023/24. Исполнет со неверојатни ледени скулптури, хотелот се гради и реконструира секоја година од 1989 во селото Јукасјерви во Лапонија, 200 километри северно од Арктичкиот Круг.

Во изработката на 34. издание на хотелот учествуваа 32 уметници од 14 држави од цел свет, кои го трансформираа во уникатна галерија, во која секоја соба е ремек-дело за себе. Тие работеле со 500 тони мраз за период од шест недели.

Целиот процес всушност почнува напролет, кога се вадат блокови мраз од реката Торне и се складираат во Јукасјерви.

Новиот хотел се состои од 15 апартмани и уште две хали. Три ноќевања на температурата од -5 Целзиусови степени чинат најмалку 845 евра за едно лице.

(Фото: А. Клигер)