ШРИ ЛАНКА СОЗДАДЕ ЕЛЕКТРИЧЕН СУПЕРАВТОМОБИЛ

Женева, (Мотор1)

Првиот електричен суперавтомобил од јужна Азија премиерно ќе биде претставен на 90. Автосаем во Женева, што ќе се одржува од 5 до 15 март.

Vega EVX“ е дело на компанијата „Вега иновејшнс“ од Шри Ланка и е прв автомобил целосно дизајниран и произведен во оваа земја. Рачно изработениот двосед има шасија направена од јаглеродни влакна, чиј дизајн е инспириран од „Ферари“.

„За разлика од повеќето електрични суперавтомобили на пазарот, електрониката и софтверот на ‘EVX‘, како и батериите се целосно дизајнирани и развиени од тимот на компанијата“, изјави директорот на „Вега“, Бешан Кулапала.

Оттаму тврдат дека автомобилот забрзува до 100 километри на час за 3,1 секунда, а двата електрични мотора вкупно даваат 804 коњски сили. Батериите се со капацитет од 55 киловат-часови и овозможуваат да се поминат 300 километри.