СТАКЛЕНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ДОБИВААТ НОВ, УШТЕ ПОКУЛ ИЗГЛЕД

Њујорк, (Мешабл)

Дали сте подготвени за проѕирни или можеби дрвени телефони? Тие само така ќе изгледаат, а, всушност, ќе бидат од стакло.

Станува збор за најновата, шеста генерација на „горила глас“, иновацијата на технолошката компанија „Корнинг“, која веќе се користи од „Епл“ и „Самсунг“. Покрај тоа што ќе биде поотпорно на гребење и удари, ова стакло е дизајнирано така што воопшто не личи на стакло.

Мермер што всушност е стакло 

„Вибрант горила глас“ првпат беше претставен во 2016 година, со ветување дека производителите на мобилни телефони ќе можат да печатат слики во висока резолуција директно на нив.

Новата техника ја комбинира печатената слика со гравираното стакло, за да се добие чувство на различни текстури, како дрво, камен, полиран мермер, па дури и змиска кожа. Резултатот е стакло кое воопшто не изгледа како стакло.

Иноваторите на „Корнинг“ експериментираат и со проѕирно стакло, со што ќе може да се види внатрешноста на телефонот, но и со рефлектирачки бои.