Прецизно изработени храмови и замоци од мраз се меѓу атракциите на традиционалниот Фестивал на снег и мраз во кинескиот град Харбин, кој се отвори по 41. пат. Скулптурите од мраз привлекуваат голем број туристи во овој поранешен индустриски центар, кој поради близината на Русија се одликува со архитектура од царската ера каква што не може да се најде никаде во Кина.
Оваа година можат да се видат копии на Таџ Махал, Замокот на Осака и Храмот на небото во Пекинг, сите направени од блокови од мраз.
Фестивалот зафаќа површина од еден квадратен километар, а за изработка на скулптурите биле потрошени 13.000 кубни метри мраз, главно исечен од реката Сонгхуа.
Голема атракција на фестивалот се ледени тобогани, од кои највисокиот има 521 метар.