ВО СКОПЈЕ СЕ ОТВОРА ПРОДАЖЕН САЛОН НА 17 МАКЕДОНСКИ ДИЗАЈНЕРИ И ЗАНАЕТЧИИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (28 февруари) во 12 часот ќе се отвори „Лаб дизајн маркет“, продажен салон на 17 македонски дизајнери и занаетчии. Дизајн маркетот е сместен во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“ во Скопје на булеварот Климент Охридски, а ќе биде отворен од 12 до 18 часот.

„Идејата на маркетот е на македонските дизајнери да им се понуди најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи и колекции. Поддржете ги локалните дизајнери и занаетчии, купувајте помалку, избирајте внимателно, одберете квалитет“, апелираат македонските дизајнери.

Фото: Фејсбук