Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, направи дрвена „кутија за спиење“, која емитува слабо светло рано наутро, за да ја предупреди неговата сопруга кога е време за станување, без да мора да погледнува во телефонот.
Уредот е мала дрвена кутија, која може да биде поставена на масичка покрај креветот. Кутијата емитува придушено светло меѓу 6 и 7 часот наутро, за да знае неговата сопруга Присила дали е време да ги разбуди децата.
„Да се биде мајка е тешко и откако ги добивме децата, на Присила ѝ е тешко да спие ноќе. Таа се буди и го проверува телефонот за да види дали децата наскоро ќе се разбудат, но така се расонува и после не може да заспие“, напиша Закерберг на Инстаграм.
Целта на уредот не е да го разбуди корисникот. Ако кутијата не свети, тоа значи дека сѐ уште не е дојдено времето за станување.
„Засега ова функционира подобро отколку што очекував и таа може да спие во текот на цела ноќ. Голем број мои пријатели ми кажаа дека би сакале вакво нешто“, вели милионерот.