Компанијата „Мател“ ја промовираше новата кукла Барби инспирирана од британската музичка ѕвезда сер Елтон Џон. Куклата не личи на него, туку е облечена во негов стил.
Куклата која носи фармерки со цветови и шарена јакна со светки ќе се продава во ограничен број по цена од 50 долари. Таа има и чизми со боите на виножитото, симбол на ЛГБТИ заедницата, шапка и препознатливите очила за сонце на музичарот.
„Елтон Џон Барби куклата одразува две културолошки икони и ги слави исклучителните уметност и музикалност на една ѕвезда“, велат од „Мател“.