ГРАФИТ НА БАНКСИ ПРЕБОЈАДИСАН ПО ГРЕШКА

Бристол, (Индипендент)

Уметничко дело кое е едно најраните графити на Банкси во неговиот роден град Бристол, по грешка беше пребојадисано со црна боја.

Графитот беше на ролетната на мала продавница во паркот Роу во Бристол уште од 90-тите години, пред новите сопственици на дуќанот несвесно да наредат да биде отстранет.

Тоа го забележал обожавател на мистериозниот графити уметник Банкси, Сајмон Вајтавеј, кога поминал покрај графитот и видел молер како ја фарба ролетната.

„Кога му објаснив што пребојадисува тој беше шокиран. Продавницата долго време беше скејт шоп ‘Ролерманија’ и Банкси го познаваше газдата, Тони Кофеј. Тони му даде 20-30 фунти на Банкси за да ја наслика ролетната“, рече 52-годишниот Вајтавеј.