ХАЈДИ КЛУМ ЈА ОСВОИ НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ СО МАСКАТА КОЈА СЕ ПРАВЕЛА 12 ЧАСА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Хајди Клум ја понесе титулата кралица на Ноќта на вештерките за оваа година, откако во нејзината маска биле вложени 12 часови работа.

Четириесет и шестгодишниот германски супермодел се трансформираше во необична комбинација од Франкенштајн, вонземјанин и зомби и нејзиниот изглед вклучи метални жици и завртки, рани, истурени црева и отворен череп, дополнето со протези и шминка по целото тело.

Хајди Клум со Мараја Кери на забавата во Њујорк (Фото: Гети)

Процесот на шминкање почнал во 10 часот по њујоршко време, а Клум го покажала конечниот изглед на полноќ во продавницата на „Амазон“ на Менхетн.

Таа секоја година организира забава за Ноќ на вештерките, на која што нејзиниот сопруг Том Каулиц се појави како астронаут прекриен со крв.