ХАРИ ДОБИЛ СПЕЦИЈАЛНА ДОЗВОЛА ОД КРАЛИЦАТА ДА НЕ СЕ БРИЧИ ЗА СВАДБАТА

Лондон, (Сан)

Принцот Хари добил специјална дозвола од баба му кралицата Елизабета Втора да си ја задржи брадата на свадбената церемонија.

Ова било неопходно, бидејќи воен персонал мора да биде свежо избричен кога носи униформа.

И новоименуваниот војвода од Сасекс и неговиот брат војводата од Кембриџ носеа кралска воена униформа во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор.

„Нејзиното височество кралица ја даде својата дозвола принцот Хари да ја носи својата униформа на венчавката“, соопшти палатата Кенсингтон, со што беше покриена и дозволата да носи брада.

Британската армија не дозволува носење брада, освен во ретки случаи, како здравствени и верски причини. Според угледниот историчар Хуго Викерс, тоа им е дозволено и на припадниците на специјалните сили кога се зад непријателски линии.

Сепак, принцот Хари веќе не е во активна служба, па воените правила не се применуваат на него.