ХОЛИВУД ДОЈДЕ ВО КРАЛСТВОТО НА СВАДБАТА НА ХАРИ И МЕГАН (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лондон (разни медиуми)

Политичари не добија покана, но британска кралска свадба не може да помине без славни личности.

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни со сопругата Амал, Опра Винфри, Дејвид и Викторија Бекам, тениската ѕвезда Серена Вилијамс, британскиот глумец Идрис Елба, Елтон Џон и пејачот Џејмс Блант се меѓу ВИП-гостите на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во Лондон.

Водителката Опра Винфри пристигна во розова креација на Стела Мекартни (Фото: ПА)

Меѓу гостите во замокот Виндзор стигнаа и родителите на војвотката од Кембриџ, Мајкл и Керол Мидлтон, како и нејзината сестра Пипа со сопругот Џејмс Метјус.

Дејвид и Викторија Бекам (Фото: Гети)

Претходно, палатата Кенсингтон соопшти дека венчалните прстени на Хари и Меган се од „Клајв и компани“. На Хари е од платина, а на Меган од велшко злато. Прстенот на Меган е подарок од кралицата Елизабета Втора.

Актерот Идрис Елба со сопругата (Фото: АП)
Поп-пејачот Џејмс Блант со сопругата Софија Велесли (Фото: Гети)
Серена Вилијамс и сопругот Алексис Оханјан (Фото: АП)