ХРВАТ ГО ПРЕТВОРА СВОЈОТ ДОМ ВО БОЖИЌЕН ТЕМАТСКИ ПАРК СО ПЕТ МИЛИОНИ СВЕТИЛКИ

Загреб, (Ројтерс)

Повеќе од 20 години, Златко Салај го претвора својот дом во Грабовница близу централниот хрватски град Чазма во прекрасен божиќен тематски парк. Почнал со 70.000 светилки, па стигнал до пет милиони. Се очекува СалајЛенд оваа сезона да привлече над 100.000 посетители од целиот свет.

(Фото: СалајЛенд)

Почнав во 2001 година кога се вратив од Јордан. Тогаш ѝ предложив на мојата сега покојна сопруга да купам 70.000 светилки и да украсиме дел од имотот. Таа прифати зашто знаеше дека како дете не сум имал божиќна елка. И така сѐ почна. Имаше многу интерес. Во прв момент, луѓето гледаа само однадвор, но ги канев да влезат и ме прашуваа дали ова ќе го има и следната година. Реков, ако сакате, ќе има“, раскажа Салај во видеорепортажа на „Ројтерс“.

(Фото: СалајЛенд)

Тој вели дека следната година додал 100.000 светилки, чиј број уште повеќе се зголемувал секоја наредна година.

СалајЛенд вообичаено е отворен од крајот на ноември до почетокот на јануари.

(Фото: СалајЛенд)