ЗОРАН РУДАН-ЦЕКИ ОБЈАВИ СПОТ ЗА НОВАТА ПЕСНА „ЦЕПАЈ СИНЕ“ ИЗРАБОТЕН СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кантавторот Зоран Рудан-Цеки сними нова песна со наслов „Цепај сине“. Песната е отпеана со скопски сленг, а текстот е инспириран од истоимената книга на Зоран Спасов-Ѕоф.

Вокалот, инструментите, музиката, текстот и аранжманот се на Рудан, а спотот го изработи Зоран Спасов-Sоф со помош на вештачка интелигенција. Придружните вокали ги пеат Калина Велковска и Јулијана Деспотоска.

Минатата година, музичарот ја промовираше песната „Џабе живиш у Скопје”, која исто така беше инспирирана од роман на Спасов.