Илјадници луѓе се собраа во холандскиот град Тилбург за да ја слават нивната црвена коса на годишниот фестивал Денови на црвенокосите.
Студентката по архитектура Елен Линдерстад кажа дека патувала повеќе од 24 часа со автобус и воз од Стокхолм зашто во Шведска нема можност да запознае многу црвенокоси луѓе.
„Навистина е специјално да се биде на вакво место, каде што сите луѓе имаат црвена коса“, изјави таа.
Црвенокосите луѓе сочинуваат само еден до два отсто од светското население и два до шест отсто од луѓето со северно или северозападно европско потекло.
Според организаторите, на настанот учествуваат повеќе од 10.000 луѓе од помалку од десет држави. Тридневниот настан вообичаено завршува со групно фотографирање.
(Фото: Фејсбук)